АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Докторот на медицински науки Дејан Начоски од Клиниката Рајн-Маас (Ахен/Германија) го вгради најмалиот пејсмејкер во светот.
Битолчанецот, кој е извршен главен лекар на Клиниката за кардиологија, нефрологија и интерна интензивна медицина на клиниката Рајн-Маас, веќе 17 години работи во Германија и успешно ги изведува најновите иновации во интервентната кардиологија, како отварање на комплексни запушувања на срцевите садови/стентирања, вградувања на сите видови на пејсмејкери, најновите методи на аспирација на тромб во белите дробови, затварање на вродени срцеви мани итн…..
– Накратко за стандарните пејсмејкери тие се електростимулатори кои се состојат од електрични жици со дожина од 53 до 60 цм поврѕани со електронско куќиште. За да се вгради стандарден пејсмејкер треба да се направи рес од 6 до 10см под клучната коска, се препарира џеб во кој се вградува/вметнува пејсмејкерот, од таму преку вена се вметнуват жиците од 60 цм во десната предкомора и во десната комора – објаснува Д-р Начоски, пренесува интернет порталот на клиниката.
фото Фесјбук/Rhein-Maas Klinikum
Преземено од Плусинфо
Објавено од А.Б