2win800x200

(ФОТО) Вандали ја срушиле оградата на дрвениот мост кај „Кланица“- да се најдат дивјаците бараат битолчани

Април 04, 2024

Вандали ја срушиле оградата на  дрвениот мост на реката Драгор кај населба „Кланица“, па успеале да ја уништат на неколку позиции од двете  страни и да причинат значителна штета, која сериозно влијае  врз безбедноста на минувачите. Граѓани од околните куќи, за Апла.мк, јавуваат дека денеска дрвените столбови се срушени до половина, од двете страни на  оградата, и предупредуваат дека особено ќе биде ризично минувањето оваа вечер ако полицијата не преземе мерки на безбедност. 

Не е првпат вандали да уништуваат урбана опрема и споменици низ паркови и на Шеталиштето, но да рушат огради од мостови, битолчани не паметат. 

А.Блажевска 

434412943 376294755373789 6678188136931934795 n

435524332 291145537350905 2682130361243775130 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани