2win800x200

За битолчани бесплатен превоз за в недела на новогодишниот базар во ИНФОЦЕНТАРОТ - закажете на 077-500-989

Декември 20, 2024

„Куќа имам на Пелистер“  е името на настанот кој ќе се одржи на 22.12.2024 (недела) со почеток во 11:00 часот на локација Инфоцентар Пелистер.

Според диреторот на НП „Пелистер„ Иванчо Тошевски - учесниците на настанот своите производи и содржини ќе ги нудат по дампинг цени со цел да бидат достапни за сите, и на предлог на учесниците ќе организираме богата наградна игра, а средствата ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Апелирам до сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на настанот од Битола и од околните градови, да користат бесплатен јавен превоз кои го  обезбедија локалните превозници  со цел за да го  избегниме сообраќајниот метеж  и за користење на истиот да се пријават на 

контакт телефон – 077-500-989

 

Релациите се 10:15 часот поаѓање од Атпазар, Шехерзада, Црн Мост Довлеџик и во исто време од Спортска сала, Болница, Новиот пазар, а враќањето ќе биде во 15:30 часот.

 

Настанот има за цел да ја обедини целата туристичка понуда на Пелистер и поширокиот регион. Со свои содржини ќе се презентираат повеќе од 20-тина локални производители на храна и пијалоци, ресторани, хотели, кафе барови, туристички агенции и лица кои нудат дополнителни туристички содржини како кањонинг во Мариово, џееп сафари на Пелистер, фрее рид скијање, екстриме бике со долн хил купот, ултра трајл маратонот и други. Како НПП сметаме дека овој настан треба да биде стартна точка за првично поврзување помеѓу се она што е и може да биде туристичка понуда на Пелистер, како идна основа за развој на инкаминг туризам.

За забавниот дел ќе се погрижат група Деспина, DJ Svaba и модератор Марјан Ѓоргиевски.

Голема благодарност до сите учесници и подршката од Општина Битола затоа што овој настан е дел од Зимската приказна.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани