2win800x200

Униформи за специјалната полиција ќе набавуваат модно студио од Битола и тазе фирма од Скопје, пишува 360°степени

Мај 23, 2025

Модно студио од Битола со скромни приходи и двајца вработени и штотуку регистрирана фирма со српски сопственик добија тендер за униформи за специјалните полициски единици од 3,8 милиони евра, пишува 360 степени.

Малото модно студио „Ле Бранд“ од Битола, со скромни приходи и само двајца вработени, заедно со штотуку регистрирана компанија со име Памитекс тим ДООЕЛ чиј сопственик е од Србија, добија тендер од 3,8 милиони евра за набавка на униформи за специјалните полициски единици.

„Говороме за пари и тоа 2 милиони и 130 илјади евра. Толку изнесува максималната вредност на рамковната спогодба, според која МВР ќе нарачува а  „Ле Бранд“ ќе изработува униформа во шара за специјалните полициски единици за следните три години. Тоа што  „Ле Бранд“ досега се занимавале само со женска мода а не со униформи е едно од прашањата што с еотвораат по оваа зделка“, пишува медиумот.  

360 степени понатаму наведува дека упатиле прашања до сопственичката Лиле Кадинска, но откако не добиле ништо повратно во рокот од неколку дена отишле лично на адресата на компанијата во Битола. 

„Тоа што го најдовме е дуќан на ул. 'Климент Охридски' 25 во Битола. Однадвор не може да се заклучи што има внатре, но од видеата на социјалните медиуми претпоставуваме дека  тоа е моден салон или студио. Тропнавме на вратата на   „Ле Бранд“ и ни отвори Кадинска, но кога ја забележа нашата камера се вознемири ја прекина комуникацијата и повика полиција...“, наведува новинарот на 360 степени.  

За другите детали на линкот од емисијата 

https://youtu.be/8aBGkn2JoUQ

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани