2win800x200

Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ добива престижно признание за билингвалната настава од француското Министерство за Европа и надворешни работи

Ноември 11, 2025

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола добива значајно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи. Како што потврдува Почесниот конзулат на Република Франција во Битола, училиштето ќе биде носител на престижниот бренд LabelFranceEducation, кој се доделува на образовни институции низ светот што постигнале високо ниво во развојот и реализацијата на двојазичната франкофонска настава.

Годинава, битолската Гимназија одбележува 20 години од воведувањето на француско-македонските двојазични паралелки. По тој повод, францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер ќе ѝ го врачи признанието на специјална церемонија.

Свеченоста ќе се одржи на 13 ноември во Офицерскиот дом во Битола, каде пред јавноста ќе се презентира дведецениското искуство, резултати и напредок во интегрирањето на францускиот јазик во образовниот процес, со присуство на претставници од образовниот, културниот и општествениот живот на градот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани