2win800x200

Допис од Општината до Министерството за животна средина за сервисирање на мерната станица во центарот на градот

Ноември 13, 2018

Општина Битола го задолжи инспекторот за животна средина да испрати допис до ресорното Министерство за да се стави во функција мерната станица Битола 2 во центарот на градот.

 

„Одржувањето на мерната станица е во надлежност на Министерството за животна средина. Локалната самоуправа издаде барање до инспекторот за животна средина да испрати допис до Министерство и да се иницира акцелерирање односно санирање на мерната станица“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Мерната станица во центарот на градот не работи скоро два месеца, а онаа од периферијата покажува концентрации на ПМ 10 честички над дозволеното.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани