2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се чисти и уредува старата филтерница на „Водовод“ дел од историјата на градот

Август 26, 2019

Старата  филтерница на ЈКП „Водовод“ сместена во населбата Довлеџик  летово  се чисти и уредува иако одамна, со години наназад, била оставена на забот на времето. Иницијативата ја потегнал директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров со цел  да даде пример дека на  старите и запуштени објекти во градот може да им се даде нов лик, со цел да не бидат срам за Битола.   

Старата филтерница на „Водовод“ е напуштена 1984 година кога јавното претпријатие ја изградило новата филтерница во атарот на селото Дихово. Но, до старата  филтерница претпријатието ја изгради хидро централата, па сега со акцијата за чистење целата локација добива нов лик.

-Старата филтерница на „Водовод“ се чисти и уредува во неколку фази и таа акција се уште трае. Целта ни е објектот кој своевремено го снабдуваше градот со вода да не биде депонија или змијарник, обраснат со треви и крш,  туку место  кое ќе биде уредено и чисто. Тој објект има своја историја која воедно е и дел од историјата на градот. Засега немаме планови што со тој објект, но важно е дека ќе се види убавината на некогашната филтерница и еве со вакви акции да укажеме на нејзината важност, вели  директорот на “Водовод“, Горан Козаров за Апла.мк.

Не се чисти и уредува само старата филтерница, туку ЈКП „Водовод“ го чисти и средува и стопанскиот двор.

Примерот со уредувањето на старата  филтерница  може да биде импулс и за уредување уште на многу други локации во Битола како старата бања кај Чинарот, скривниците во ридот над Црн Мост, објекти и делови од Старата касарна кои можат да дадат нова слика за градот.  

fil 2

fil 4

fil 1

fil 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани