2win800x200

Се чека денот кога ќе тргне првиот воз на пругата Битола-Кременица

Август 27, 2019

Се чека денот кога ќе се воспостават првите линии на пругата со која Битола железнички ќе се поврзе со Грција. Пругата е комплетно  изградена, направен е технички прием. Со патнички воз во април годинава се вршеше  и тестирање на пругата Битола – Кременица. Возот тргна од Битола, а застана и на попатната станица кај Жабени. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува  во најкус временски период,  пругата да биде пуштена во употреба.

-На минатата седница на владата, се донесе анекс на договор со кој се дефинираат и кусоците и вишоците некаде околу 900 илјади евра, така што моите очекување се дека во најкус временски период, да биде пуштена и во употреба. Тоа е работа и на Министеството и на „Железници транспорт“ во договор со Грција очекуваме апсолутно најбрзо да биде во функција. И самите знаете дека тестирањата  тука се направени и таа целосно е во функција. Така што да немате дилема дека ќе биде во функција. И нашите очекувања, согласно она што го зборуваме со „Железници трансорт“ е дека и динамиката  ќе биде сериозна и дека граѓаните ќе имаат сериозен бенефит од тоа, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Проектот е финансиран од државниот буџет и средства од Евопските фондови, а во изминатите години беше проследен со многу проблеми при изведувањето, поради што се закануваше опасност Македонија да ги изгуби парите од европските фондови. Станува збор за проект од 17,2 милиони евра, од кои 6 милиони се ИПА средства, а 11 милиони евра се од буџетот.

Кракот од Битола до пограничното битолско село Кременица, на самата гранична линија со Грција е во должина од 18 километри. Пред неколку години и пругата од грчка страна е целосно обновена со пари од европските фондови, а сега е направено и поврзување со делницата од македонска страна. Крак со станица за претовар има и во индустриската зона „Жабени“ кај Битола, покрај која минува пругата. За стопанствениците се уште е неизвесно како ќе се одвива железничкиот транспорт, иако се надеваат дека ќе биде поевтин од досегашниот начин на превоз на стоката.

По оваа пруга воз од Македонја кон Грција не поминал 32 години. Старата пруга била изградена во 1894 година, а во текот на нејзиното славно минатот во Битола со воз допатуваеле многу историски личности, конзули, патописци... Повозрасните битолчани се сеќаваат во времето на поранешна Југославија кога со воз често се патувало од Битола за Лерин и обратно.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани