2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАНА СЛУЖБАТА ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Август 27, 2019

Целосно е реновирана службата за итна медицинска помош во битолскиот Здравствен дом, променети се сите инсталации, подовите, ѕидовите, санитарните јазли и просториите кои што лекарите и медицинските сестри ги користат како соби за прегледи, приемното одделение, потоа просторијата за домашана посета е направена во специјална просторија за едукација на младите лекари. Набавен е нова канцелариска опрема и медицински мебел, како и нов   стоматолошки стол  во Ургентната стоматолошка служба.  Реновирањето  е напраевно од сопствени средства.

- Овој Здравствен дом, Службите за итна помош и домашна посета, покрива навистина голем регион. Има одличен развиен систем кој што со години функционира, а на овој начин доплнително се унапредува, со што вака добро средени услови значат и стимулација за работа кај младите, но и исксутните лекари и медицински сестри. Со ова сакаме да го најавиме и циклусот на реновирање на 30 медисцински установи, што ќе започне на крајот на септември, со што значајно ќе се подобри калитетот на услугите во нашите јавни здравствени установи. Овие активности ќе се реалзираат со определен буџет со ребалансот од оваа година а ќе продолжи следна година, рече министерот Венко Филипче при денешната посета на Здравствениот дом во Битола.

FB IMG 1566927750926

Тој додеаде дека здравсвените установи и кадровски се доекипираат. Во изминатата година и половина се зголеми капацитетот на Здравстениот дом, вработени се 10 проценти повеќе луѓе од вкупниот број на вработени дотогаш.

FB IMG 1566927756668

-Сега имаме дополнително барање и истото е одобрено за вработување на 10 нови доктори. Дополнително се обезбедени финансиски средства за засилување на домашната посета. Со нашата мерка за вработување на младите лекари ќе бидат вработени 6 доктори и 10 медицински сестри. Со ова капацитетот значително се засилува, додаде Филипче.

FB IMG 1566927764445

Директорката на Здравсвен дом –Битола, Весна Спирковска, рече дека досега се реализиарни поголемиот дел од активностите кои ги имала во прдлог програмата за нејзиниот мандат како директор. Освен реновирањето на Службата за итна помош, во Здравствениот дом целосно е променета дограмата, односно заменети се вкупно 160 прозорци, а исто така набавена е и нова медицинска опрема и едно санитетско возило.

FB IMG 1566927778227

-Службата за итна помош беше најруинирана служба што ја затекнав на поетокот од мојот мандат во 2017 гдина, а сега успеавме да ја реновираме комплетно. Најголемиот успех за мене е вработувањето на на докторите, а во соработка со Министерставта за здравство и финансии, успеавме да вработиме 14 доктори, стоматолог, психолог, 9 медицински сестри. Тоа е голем успех за нас, затоа што недостигот на кадри во здравсвото е сериозен проблем. Моето главно мото е здравсвените работници и пацентите да бидат на една страна, а спротивна страна да им бидат само болестите против кои ќе се борат заедно. Во иднина се надевам дека во Здравсвениот дом ќе воведеме и специјалистичко консултативни услуги што некогаш ги имавме. Го затекнавме здравсвениот систем во лоша сосотојба и гледаме со забрзано темпо да го реазлизираме она што го ветивме. Заслугата е на сите вработени, зато што сите дадоа свој влог за да се реалзира овој проект, рече Спирковска.

FB IMG 1566927783059

Градоначалничката Наташа Петровска, рече дека ова е пример за успешно работење во интерес на граѓаните.

-Сакам да упатам честитки за вработените и менаџерскиот тим во Здравствениот дом во Битола за сите активности, а честитки и до Министерството за здрасво за целокупната поддршка. Ова е еден добар пример кога приоѓате на решеавање на еден проблем системски и со инфраструктурни зафати, но и со со подобрување на сосотојбата со човечките ресурси и јакнење на капацитетите може да се направи една успешна приказна и да се понудат подобри услуги за граѓаните, рече Петровска.

FB IMG 1566927787559

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани