2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Козаров: Хидрантите работат, не е точна изјавата на командирот на пожарникарите

Септември 09, 2019

Од ЈП „Водовод“ ги повикаа медиумите да снимаат и фотографираат кога нивната дежурна екипа демонстрираше дека во функција се двата хидранти точно пред објектите во старата чаршија каде денес избувна пожар, а на нив можат да се приклучат 5 хидрантски црева.

{YouTube}https://youtu.be/_3EAUl5nqxY{/YouTube}

Но, противпожарните возила десетина пати одеа и се враќа до згрaдата каде е сместена единицата, затоа што како што за ТВ Сител изјави командираот на ТППЕ, Костадин Поповски, хидрантите не биле во функција, што според него, дополнително го отежнало гаснењето на големиот пожар во чаршијата. Сепак кога вработените на „Водовод“ ги одвртија хидрантите, од нив потече вода.

-Во изјава на вести слушнав дека хидрантите на ЈП Водовод не биле во функција и тоа дополнително го одложило гаснењето на пожарот. Веднаш ја повикав дежурната екипа на јавното претпријатие за да пробаме да ги отвориме хидрантите, по што беше констатирано дека тие се во функција, а на оваа локација на растојание од само три метри има два хидранти. Едниот е надворешен, а другиот е подземен. Во непосредна близина е и реката Драгор, од каде може да се црпи вода со пумпа, а преку реката има и уште еден хидрант и тој е во функцја. Пред неколку месеци се реконструираше овој дел од улицата „Бул 1ви Мај“ и поставена е нова водоводна мрежа. Затоа изјавата дека хидрантите не работеле не е точна, рече директорот на ЈП „Водовод“ Горан Козаров.

69700385 493962331447467 5423909152084721664 n

Тој вели дека за да се констатира ваквата состојба повикале и полиција, но категорично демантира дека претпријатието можело да го поправи хидрантот во меѓувреме, затоа што за да се стави во функција расипан хидрант потребно е да  се отвори и да се раскoпа просторот наоколу.

-Повикавме полиција да ја евидентира со записник оваа состојба, бидејќи не знаеме што ќе следи, а сакме да се заштитиме. Обвинувањата кои нанесуваат штета со такви паушални изјави ќе ги решиме на друг  начин, рече Козаров.

70336103 549370408935822 1396380974161330176 n

На прашањето дали пожарникарите имаат алат за да ги отворат хидарнтите и дали од ТППЕ ги повикале за да побараат помош или да ги известат дека хидрантите не се во функција, Козаров вели дека до нив не стигнало никакво барање за соработка во овој пожар.

-Хидрантот  се отовора со клуч, а тоа може да се направи и со обичен француски клуч со кои се отвора главата на хидрантот  и водата почнува да тече, а на овој надворешен хидрант можат да се постават три хидрантски црева за да се гасне пожарот. Кај подземните хидранти со уред се отвора металниот капак се поставува решетка која влегува во длабочина од половина метар и излегуваат два приклучоци за хидрантски црева за гаснење пожар. Должност е на пожарникарите да ја носат оваа опрема за отворање на хидрантите, но во ијавата не беше речено дека нешто недостига, туку дека хидарнтите не работат. Станува збор за голем пожар кој траеше подолго време, а ние имаме дежурна служба 24 часа. Растојанието од местото на пожарот до стопанскиот двор на „Водовод“ е неполн километар, што значи и да имло проблем со хидрантите ние сме посојано достапни, но никој не не повика. Хидранстката мрежа во градот и руралните средини изнесува околу 700 хидранти кои ги отвораме секогаш кога има некој дефект на системот, односно ги проверуваме најмалку еднаш годишно. Токму тоа ми беше чудно и симптоматично во изјавата дека овие хидранти во старата чаршија не работат, а се проверени пред само неколку месеци, додаде Козаров

69914013 1147718915416217 7313357762010808320 n

Пожарот што избувна во напуштен објект во старата битолска чаршија околу 13,30 часот беше изгаснат околу 16 часот. Целосно изгоре напуштен објект, како и покривните конструкции на три дуќани. На терен интервенираа 12 пожарникари со три возила. Која е причината за пожарот треба утврди истрагата

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани