АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пожарот што избувна во напуштен објект во старата битолска чаршија околу 13,30 часот изгаснат е околу 16 часот, а екипи на Територијалната противпожарна единица се уште се присутни на местото со цел да спречат можност повторно разгорување на огнот.
Пламените јазици зафатија и предизвикаа штета на три дуќани, што секогаш е ризик при вакви пожари поради збиеноста на градбите во чаршијата.
На терен интервенираа 12 пожарникари со три возила, а екипите на ЕВН ја исклучија електричната енергија во овој дел на градот, за да се спречи поголема катастрофа.
Која е причината за пожарот што избувна вонапуштен објект треба утврди истрагата