2win800x200

Месните комитети ќе бараат оставка од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Декември 01, 2017

-Почитувани,
ве покануваме на прес конференција која ќе се одржи пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола во 17:30 часот на кој ќе се обратат Месните комитети од Битола во врска со барање за оставка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Вака стои на меил пораката што денеска ја добија дел од медиумите, а во која се бара оставка од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

 

Пораката е испратена од „ВМРО-ДПМНЕ посилно“без да се наведат подетални информации.

„From: VMRO DPMNE posilno [mailto:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.]
Sent: Friday, December 01, 2017 1:07 PM“

Учесниците до одржувањето на настанот не сакаат да зборуваат јавно. Но, велат дека ќе бараат оставка од локалното раководство на партијата, Извршниот Комитет и лидерот Никола Груевски поради слабите изборни резултати. Додаваат дека во месни комитети кои со години биле бастиони на партијата во Битола, односно секогаш добивале најмногу гласови, дури и кога ВМРО-ДПМНЕ било во опозиција, на последните избори загубиле од СДСМ. Воедно посочуваат дека пред избори имало и промена на претседатели на месните комитети што лошо влијаело врз изборните реузлтат. 

Борче Димитровски актуелен претседател на општинскиот комитет  на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, за Aпла.мк вели  дека не знае за што станува збор и дека прв пат слушнал од нас  дека некој од него ќе бара оставка.

–Ќе ја почекаме прес-конференцијата  па ќе се изјасниме.   Не сум запознат за ова, инаку мандатот на Месните комитети е истечен изминатиот месец, ќе има нови избори, вели Димитровски.   

Тој додава дека тоа што настанот ќе го држат на улица укажува дека се работи за неовластени лица. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани