СЕ БАРА ЛЕК ЗА СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

Декември 02, 2017

Дотраени и оштетени врати, без кваки и брави, дупки среде училници и по ѕидовите, тоалети од кои се шири влага по околните простории, искршени компјутери, откачени грејни тела... Ова е само дел од лошите услови во кои се одвива наставата во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ со кое во изминатите години директоруваше Јасмина Ниќиќ Десановска, една од обвинетите во случајот „Транспортер“.

 

Новата в.д директорка која беше назначена пред неколку денови, Билјана Кокалевска, изјави дека школото должи 570 000 евра и дека седум години е со блокирана сметка. Поради ваквата состојба новото раководство ги повика јавните институции и приватни компании да помогнат да се санираат штетите во школото со цел наставата да се одвива во нормални услови.

„Сметката на школото е блокирана седум години  и поради тоа немаме нормални услови за работа и бараме помош да ни се овозможат барем основни средства за работа. Сетоа тоа се должи на долгот на училиштето кој изнесува околу 35 милиони денари или повеќе од 570 000 евра. Поради тоа, оневозможени ни се секакви активности. Но, вложуваме натчовечки напори ова да го санираме“, изјави Кокалевска.20171202 114316

Таа ќе побара од релевантна институција да се направио ревизија на работењето на училиштето во изминатиот период. Најголем дел од вкупниот долг отпаѓа на тужби, а тужеле и транспортни претпријатија кои превезувале ученици, како и напластени сметки за вода, струја и други давачи. 

„Уште првиот ден кога ја презедовме должноста се соочивме со тотален хаос, односно со колапс на системот за греење. Потегнавме лични врски и контакти и екипи веќе цела недела работат да го санираат тој проблем. Успеваат до некаде. Но, тоа не е сѐ, има уште многу други работи кои треба да се поправат“, вели директорката. 

„Ситуацијата во школото се должи веројатно на недомаќинското однесување. Целта ни е да апелираме до јавни институции, фирми, поединци да помигнат во санирањето на состојбите зашто тука учат наши деца“, рече Ема Ќука, професор по ликовна уметност.

20171202 114850

Ексдиректорката  Јасмина Ниќиќ Десановска е меѓу 22 обвинети за злоупотреби на школскиот превоз за сума од 360 000 евра во случајот „Транспортер“, каде првообвенет е екс градоначалникот Владимир Талески. Првото рочиште за овој случај на 28 септември беше одложено зашто Ниќиќ Десановска беше спречена да пристигне поради сообраќајна несреќа на патот Битола- Скопје. Таа си го зачувала претходното работно место, па по директорувањето ќе биде професорка во истото училиште. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани