Социјалдемократите од Битола бираат нов локален шеф

Декември 06, 2017

Заврши процесот за самокандидирање  за локален лидер на СДСМ во Битола. До понеделникот сите членови на СДСМ Битола имаа право да испратат  до централата во Скопје, кандидатура за оваа позиција со биографија и  програма за работа.  Засега не се знае кои се од сопартиците на Зоран Заев во Битола пројавиле апетити за локален шеф

 за што ќе се одлучува во консултации со членството во следните денови.

Во последните два мандати претседател на ОО на СДСМ во Битола е пратеникот Васко Ковачевски, кој во август 2013 година беше првиот претседател назначен од лидерот Заев, по промената на партискиот статут. Васко  Ковачевски во изјава за апла.мк вели дека не е исклучено и понатаму да раководи со ОО на СДСМ во Битола.

-Раководството ќе заземи за нас пратениците став кои досега бевме локални лидери на партијата, дали и понатаму ќе продолжиме, вели Ковачевски.

Во партиските кулоари со месеци наназат  се зборува дека ќе има смена на кормилото на СДСМ во Битола , а како најсериозен кандидат за ова позиција се споменува Менде Тасевски кој на последните два изборни цикулуси ја доби довербата од партијата за  шеф на штаб, на парламентарните избори во 2016 и на локалните избори во 2017 година кога социјалдемократите од Битола освоија победи. Во битката за локален лидер се споменува и името на Горан Козарев, кој на последните локални избори беше еден од најсериозните кандидати за градоначалник на Битола од СДСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани