2win800x200

Државата и Општина Новаци вложија 147 милиони денари во патната инфраструктура

Јануари 13, 2020

Во изминатите 2 години локална власт, Општина Новаци работеше  на подобрување на локалната патна инфраструктура. Централната власт преку  соработката  со ЈП за државни патишта на РСМ,  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  и  Бирото за Рамномерен регионален развој вложија 147 милиони денари во патна инфраструктира во овој крај и како што вели градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски решија  децениски проблеми на мештаните преку асфалтирање на регионални и локални патишта во општината.

-За период  од  две години мандат и локална власт која Вие граѓаните на општина Новаци ни ја доверивте ќе зборуваме само за успех и реализирани проекти .Вложивме се ,сите ресурси максимално ги ангажиравме за да кажеме –Да ,ни работиме ,ние ја градиме нашата општина  која заслужува да биде европска урбана средина со задоволни граѓани,рече на денешната прес конференција градоначланикот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.

Од Буџетот на општина Новаци во изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2018 и 2019 г. издвоени се околу 10 милиони денари.

Од Буџетот на ЈП за државни патишта на РСМ за изградба на регионални патишта издвоени се 48 милиони денари.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  издвоени се околу 24 милиони  денари.

А од Бирото за Рамномерен регионален развој искористени се 5 милиони денари.

-Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ  асфалтиран е регионалниот пат (Рапеш-Старавина) во должина од 9 км со вкупна вредност од 36 милиони денари. Со ова го решивме деценискиот проблем на жителите од Мариовскиот крај .

Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат Скочивир до Излетничкото место на река Коњарка во должина од 3км и вредност од околу 12 милиони денари.

Со 61милион денари од Буџетот на  ЈП за  Државни патишта извршена е целосна рехабилитација на регионалниот пат Р1311 ( Битола –Новаци –Рек Битола), во должина од 12 км, рече Кузманоски.

Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  асфалтиран е локалниот пат   до населено место с.Тепавци  во должина од 3 км  и вкупна вредност од  -18.901.948 денари, асфалтиран е и  локаленниот  пат Р511-Крстосница  с.Старавина –с.Будимерци  до манастир Св.Атанас с.Старавина во должина од 811,65 метри со вкупна вредност од -4.601.062 денари.

Преку Бирото за Рамномерен Регионален развој искористени се околу  5 милиони денари во изградба на улици во с.Градешница  со бекатон плочки со  вкупна должина од  1200 метри, наведе Кузманоски.

Од Буџетот на општина Новаци за изгадба на локални улици по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици издвоени се околу 10 милиони денари и тоа за асфалтирање на нови локални улици  во должина од 2500 метри и тоа во  следните населени места –(с.Гермијан, с.Брод , с.Гнеотино до манастир Св.Стефан,с.Скочивир, с.Добровени, с.Д.Агларци , с.Г.Агларци,с.Новаци, с.Суводол до манастир Св.Никола  ,с.Далбеговци , с.Бачи с.Живојно)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани