2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Талески: СЈО шпекулира, нема криминал со превозот на ученици

Декември 13, 2017

-Ова е дел од големото сценарио за рушење на државата, рече поранешниот градоначалник на општина Битола, Владимир Талески, по завршувањто на првото рочиште од главниот претрес за случајот Транспортер на СЈО, кое започна денеска во скопскиот Кривечен суд

-Ова е дел од големото сценарио за рушење на државата и уште еднаш ќе потврдам дека општина Битола  има еден од најевтините  превози за ученици, дека не е нарушена постапката и нема никаков криминал. Убеден сум по ова што го гледам  денеска дека оваа институција е тука е за она што треба, правдата ќе победи и ние тоа ќе го докажеме, рече Талески

Во предметот„ Транспортер“  на СЈО, покрај Талески, обвинети се  вработени во општината, поранешни директори на училишта и сопственици на превознички фирми,  а СЈО на денешното рочиште  посочи дека буџетот е оштетен  за повеќе од 500 илјади евра.

-На бескруполозен начин е злоупотребен организиранието бесплатен превоз на ученици. Во криминалното сценарио се вклучиле директори на училишта со тоа што ги прифатиле високите фактури на превозниците иако сумите бле поголеми од оние во договорите. Со тоа е прибавена имотна корист од 556 илјади евра, рече во судницата Трајче Пеливанов, обвинител во СЈО.

Индициите за овој случај, тргнаа од објавените прислушувани  разговори меѓу  поранешните министри Зоран Ставревски и Гордана Јанкуловска, во 19-та бомба што ја објави СДСМ. 

Талески, пак вели дека на овие разговори гледа со резерва.

-До  ден денеска  не знам дали тие разговори се ралани, дали се сечени, лепени,  монтирани . Лично не верувам, затоа што со тогашните министри имав одлична сорабтка и  пријателството трае до ден  денеска. Тој разговор би го  зел со голема  резерва и се надевам дека судот ќе го интересираат факти и докази, а нема да го интересираат шпекулациите што ги прават јавните обвинители, изјави Талески.

На денешното рочиште беа присутни сите обвинети, а следното  е закажано за 23 јануари.

Транскрипт од разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ГЈ: Ало?
ЗС: Горде шо праиш?
ГЈ: Еве вести. 
ЗС: Добро.
ГЈ: Ти?
ЗС: Еве, ја сега пошто завршив пред 15 мин, дојдов у канцеларија и продолжуем накај дома. Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола Владо Талевски, пичка ли му матер.
ГЈ: Шо бе Зоки?
ЗС: Абе ни напраи скандал со овие превознициве. Ќе ти кажам шо е.
ГЈ: Абе што говеда се значи.
ЗС: Беше направена ситуацијата. До 2010-та до јуни, склучен е договор со Транскоп, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите. Значи советов у 2010-та од опозицијава овие му извршиле притисок да ги смени тие договори и он распишува тендер, кај што приватни превозници се јавуваат...
ГЈ: Да де, тендер. Кој бил најевтин, тој.
ЗС: ... и цената ја спуштаат во однос за 1 спрема 10 на некои места, негде 1 спрема 5, негде 1 спрема 3.
ГЈ: Да де да.
ЗС: И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010-та отприлика е, кон Транскоп, отприлика е 36 миљони денари и 22 миљони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите.
ГЈ: Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести. 
ЗС: Испратив луѓе таму. Како второ значи, има на сметката негова, на редовна сметка 60 миљони денари и на сметка за дотации кои што се наменети за исплата на плати и на материјални трошоци 16 миљони, откако веќе ги исплатил платите, вишок има цело време 16 миљони денари. Шо значи он може да го затвори главниот дел од долгот со таа сметка да ги плати. Место тоа да го напраи, он му врши притисок на Панче, прво ги пушти превозниците на прес, пази. И даде изјава...
ГЈ: Да да, глеав тоа, да.
ЗС: ... на медиуми дека министерството за образование за финансии малце му давале пари. А кој се овие луѓево шо се превознициве се наши. Значи, за да излезат на прес, не излегле случајно. На негово барање.
ГЈ: Да де да. Тие и работата случајно не ја добиле.
ЗС: А у меѓувреме едно 50 СМС-и до шефот имаше испратено претходно уште. И му реков, нели завчера коа беше у Влада нејќев ни да го погледнам.
ГЈ: Да, да, да.
ЗС: И му реков на Панче ти јави му се, оти ја ако му се јавам ќе му ебам мајката, не можам да се воздржам на телефон. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи тој е, тоа е... Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец. 
ГЈ: Епа тоа му е професија. Тоа сакав да ти кажам. Добар глумец е.
ЗС: Лигле.
ГЈ:. Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа. 
ЗС: Да де да. Копилиња, со такви се занимаваме...
ГЈ: На толку помош.
ЗС: Значи малце ли се тепам у Собрание со сите, од комуњариве, сега и на толку помош што му е дадена, копилето пази нас ни праи прес, ми праи он мене. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани