2win800x200

Талески на излегување од суд им рече на новинарите „среќни, задоволни“

Декември 20, 2017

„Среќни, задоволни, видовте, разбравте“, со овие зборови им се обрати на новинарите, екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, по одлагањето на судскиот процес во кој е обвинет за недоволна грижа за Офицерскиот дом.

И денешното рочиште во Основниот суд во Битола беше одложено зашто бранителот на Талески според Законот за кривична постапка побара рочиштето да биде тонски снимено, а во судницата немаше улови за тоа. Неговиот адвокат Драѓи Пажиќ, кој го застапува и во обвинението за „Транспортер“, изјави дека доколку расправата почне без снимање ќе се жалат до Судот за човекови права во Стразбур.

 

„Побаравме одлагање на судењето зашто во судницата не постојат услови за тонско снимње. Има услови за тонско снимање, но тоа се други судници. Тоа не е обезбедено во сите судници, но тоа е прашање на судот и тие ќе го разрешат тоа. Најавив дека ако не се почитува законот, ако судот без тонско снимање почни да расправа и да се одлучува по предметот тогаш ќе се обратиме до Европскиот суд за човекови права“, рече адвокатот.

Обраната на Талески бараше одлагање и за да им бидат приложени фотокопии од доказите на јавното обвинитлество. Воедно достави и свои докази, меѓу кои снимен матерјал од Офицерскиот дом во 2010 година со цел, како што рече адвокатот да се докаже дека таму немало инвентар, туку празни ходници. 

Обвинителката Оливера Нечаковска на судењето рече дека измените во ЗКП кои се однесуваат на снимање на рочиштата биле донесени од 2010 година, за жал државата не обезбедила доволно услови за тоа да се спроведе на дело. Рече дека истиот адвокат за други рочишта не барал тонско снимање, па ова не претставува ништо друго туку само одолговлекување на судскиот процес. Воедно додаде дека бранителот на Талески направил увиод врз списите со докази. 

Обвинителството како сведоци ги имаше повикано поранешните директори на Завод и музеј од Битола, Зоран Николовски, Зоран Алтипармаков, екс директорот на „Комуналец“ Зоран Соклевски и друго лице кое требаше да биде обезбедување на домот. Од одбраната рекоа дека дополнително ќе кажат кои сведоци ќе бидат повикани.

Судијката Тања Петровска ја одложи распавата за 19 февруари за да се обезбеди судница во која судењето тонски ќе се сними.

Обвинението против Талески за несовесно работење било покренато годинава уште кога тој беше градоначалник на Општина Битола. Тој е  обвинет дека не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом во Битола и балскиот  лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел се’ со што било потребно за негова заштита, па нанел штета на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани