2win800x200

Албанија бара истрага за графитот со говор на омраза во Битола

Јануари 19, 2018

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска  го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда на Широк сокак  во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.

 

„Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Албанија изразува жалење и го осудува говорот на омраза кон Албанците изразен во натписи на јавен простор во Битола. Не е прв пат Битола, градот на историскиот конгрес за албанскиот јазик, намерно и неприфатливо да биде соочен со акти чија намера е да се предизвика омраза, нарушување и тензии помеѓу заедниците“, стои во соопштението на албанското министерство за Европа и надворешни работи.

Од таму бараат македонските власти да го истражат случајот и да ги откријат сторителите на овој чин, кој, како што велат, „се коси со духот на соживот и хармонија во Македонија и во регионот“, пишува агенцијата Мета.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани