АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Европската унија и во иднина ќе биде партнер и ќе и помогне на општина Битола за нејзин напредок и реализација на приоритеите, рече амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Евроамбасдорот истакна дека со Петровска раговараа за досега реализираните прокети со поддршка на ЕУ, но и за проблемите со кои се соочува оштината и можноста Унијата да помогне во нивно надминување.
-На средбата со градоначалничката на Битола имав можност да дознаам за многу предизвици со кои се соочува општина Битола и нејзините граѓани. Научив многу повеќе во врска со загадувањето на воздухот во Битола, во врска со менаџирањето со отпадните води, со проблемите со кои се соочувате во сферата на образованието, со долговите што ги имаат училиштата во Битола. Исто така разговаравме за разни проекти што се финасирани од ЕУ кои се импелментирани во општина Битола. Со градоначалничката разговаравме за идни можни проекти во кои ЕУ би можела д а помогне во развој на вашата општина. Идентификувавме неколку проекти во кои што ЕУ би можела да се вклучи, како што е големиот проектот за пречистителната станица кој што е во фаза на подготвување. Исто така разговаравме за други можности во рамките на Националниот парк „Пелистер“, како можеме како ЕУ да помогнеме во развој на алтернативниот туризам, рече Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Жбогар, чија посета е во рамките на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ , а има за цел да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта од ЕУ во земјата.
Градоначалничката Петровска изрази задоволство за перспективите што се отвораат од понатамошната соработка на Општина Битола со ЕУ.
-Перспективите на нашиот град, но и на Македонија се доколку се отвориме кон светот и доклолу вистински влеземе во приказната на глобализацијата. Секогаш кога луѓето комуницираат меѓу себе, кога ги отвораат можностите во тие комуникации, всушност можете да овозможите перспектива за граѓаните, за општината, за државата. Поддршката на ЕУ секогаш била несебична, а денешниот разговор што го имавме со амбасадорот Жбогар само покажа дека ЕУ има цел и понатаму да помога и на нашата општина и на државата во нејзиниот развој, во перспективите и овозможување подобра егзистенција на нашите граѓани. Убедене а сум дека и граѓаните тоа го забележуваат и дека гледаат надеж во нашиот пат кон ЕУ, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.
Амбасадорот Жбогар на градоначалничката Наташа Петровска и врачи благодарница, која, како што рече, е сведоштво за досегашната соработка, за проектите што се реализирани досега, но и за другите проекти кои ќе бидат реализирани во иднина во партнерство со ЕУ.
Амбасадорот Жбогар денеска ја посети Зоолошката градина во Битола, каде со 510 илјади евра, пари обезбедени од ЕУ, беа реновирани живеалишта за животните по европски стандарди. На амбасадорот му се приклучија и децата од мобилната детска градинка, во која се нудат алтернативни предучилишни активности за маргинализирани деца од предучилшна возраст од руралните и оддаделчени области во Битола. Во основањето на оваа Мобилна детска градинка ЕУ инвестираше 240 илјади евра.
Исто така, евроамбасадорот ја посети лабораторијата на универзитетот „Св. Климент Охридски”, која е специјализирана за работа со матични клетки. Европската унија инвестираше 150. 000 евра за инфраструктура во лабораторијата, трансфер на технологија, за обука на кадарот и за работните протоколи за изолација на матични клетки. Оваа лабораторија за матични клетки овозможува да се прават истражувања за канцер и да се соработува со други медицински установи во областа на регенеративната медицина.