АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дел советници од битолскиот Совет со наводно оправдување дека се на комисија која заседава за потребите на Советот , често отсустувале од работа, реагираат до редакцијата на Апла.мк група битолчани. Како што е наведено, реакцијата се однесува на дел од советниците кои работат во некои од државните и општинските институции.
Некои од советници често може да се забелажат во град во работно време, со образложение дека „бркаат“ партиски работи со изговор дека се ангажирани околу подготовките на седницата на Совет. Оваа толку многу им паѓа во очи на битолчани што со писмото испратено до Апла.мк, прашуваат колку често може советниците да го користат отсуството од работа со оправдување дека се на Совет? Дали задолжително мора да присуствуваат на комисиите во кои членуваат или на сите останати комисии каде што не се членови?
Во писмото уште се наведува дека оваа пракса била својствена и за претходниот состав на Совет кога дел од советниците од тогашната власт „не се завртија на работа “ под изговор дека се на Совет или на Комисија. Оние што работат во државни фирми покрај платата, од Советот земаат и паушал од 15 илјади денари.
(случајно избрана фотографија)
Претседателот на Совет, Валентин Груевски, за Апла.мк вели дека секој советник учествува во две до три комисии кои се состануваат и работат пред да се одржи седницата на Совет, како и тоа дека се внимава да не се злоупотребува правото советниците за потребите на Советот да добиваат оправдување за отсуството од работното место.
Сепак, впечатокот на јавноста е дека како и многу други работи и во овој случај, дел од локалните политичари повеќе се на Широк Сокак отколку на работа, секако чест на исклучоците.
Со цел расветлување на случајот, Апла.мк ќе побара официјална информација од Советот дали досега имало злоупотреби на советничката позиција и од кои советници. .