Дворот на Техничкото училиште во Битола нема веќе да биде корзо за пазарџиите

Април 19, 2018

Дворот и спортските терени на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, нема веќе да бидат корзо за граѓаните и пазарџиите од Новиот пазар во Битола. Училиштето заради безбедносни причини за учениците и вработените ќе ги затвори и огради сите диво отворени премини  кои од Новиот пазар водат низ дворот на училиштето до околните згради.

 

Изминатите години несовесни граѓани за да си го скратат патот од пазарот кон дома искршиле и откорнале делови од металната ограда од дворот. Стотици граѓани дневно поминуваат низ училиштето и  дворот го користат за паркирање на своите автомобили.image 0 02 04 60627edc7c8077256a6937f777df85857d5c103602e9c31801fdd24456454df4 V

Сега во интерес  на школото и за поголема безбедност на учениците, раководството реши да ги затвори со метална ограда дивите премини и да си го заштити дворот од секојдневните минувачи.image 0 02 04 0f42d6c7608963cdb764cf7971cc148600b8fb1cc5dbb8de37644568d2124ec8 V

-Дворот на училиштето од секогаш бил заштитен со сопствена ограда, со текот на годините се крадени делови од оградата и правени диви патчиња со кршење и уништување на оградата. Граѓаните за да си го скратат патот до пазарот и после пазарувањето , минуваат низ дворот, Проблемот е што пеш, со велосипеди и мотори минуваат низ спортските терени каде одржуваат часови по физичко воспитување нашите ученици. Па често минувачите се расправаат со  учениците , ако ги погодат случајно со  топката, што е крајно неумесно. Пазарџиите минуваат низ нашиот двор  и наместо тие учениците се виновни, вели директорот на СОТУ „Ѓорги Наумов“, Владимир Роме.

Според Роме , училиштето деновиве со сопствени средства обнови и затвори дел од металната ограда, а за некој ден целосно ќе биде заштитен  дворот на училиштето од минувачите.image 0 02 04 2c1f4a638f10d4e8662246d0c5700b48f2999bed5d86c1917170a061f7b4c531 V

image 0 02 04 2bcbe179d3f7ba1dc3d06dbee372c4f7c728de95d590a0a0495170eceafffa14 V

-Во дворот автомобилите ги паркираат и станарите од околните згради, очекувам дека ќе има реакции и од нив и од минувачите , но дворот ќе биде заштитен и на влезот ќе биде поставена рампа,а на сите приоди врати, вели директорот Роме.

Техничкото училиште за оваа намера вчера испратило дописи со известување до комуналната инспекција на Општина Битола и до сообраќајната полиција на СВР-Битола, со цел  да ги информира и да побара помош од надлежните.

-Не сакаме да ги оставиме вака работите, бидејќи не сакаме ни да помислиме што ќе се случи доколку тука во нашиот двор би имало несреќа или што и да е нешто непријатно. Сакаме учениците и вработените да бидат безбедни додека се во училиште, порачува Роме.

Ова не е единствен случај и во многу други училишта низ градот дворовите и игралиштата се користат за минување и за бесплатно паркирање на возила, но случајот со Техничкото училиште е прв пример како да се заштити дворот и спортските терени од несовесните минувачи и возачи.   image 0 02 04 57189ba5c99095c853f0f8d870c51fae20267e70a5bb43283c9f37deaa1d1837 V

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани