2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Градоначалникот уште не роден, штедачи од ТАТ капа му скроија

Октомври 27, 2021

Иако ова се локални избори , а ниеден градоначаник ни Совет не можат да вршат обештетување за ТАТ, Пеце Гучуевски претставник на група штедачи од Битола , деновиве јавно ги повикува да гласаат за  Тони Коњановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за државата да може да ги обештети. Гугучевски ги убедува штедачите дека доколку  Коњановски стане градоначалник, притоа нагодувајќи дека за брзо ќе има парламентрни избори на кои вели „ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да го освои новото парламентрано мнозиснтво“ ,а штом го стои тоа  веднаш ќе почнат да го решаваат нивното прашање, кое патем целосно не е решено 24 години.   

Како секој пат, така и овој, темата ТАТ се актуелиза поред избори за влечење на гласови зашто во моментот на дело нема конкретно решение кое се спроведува , туку се е во најава. Гугучевски вели дека после година и пол тешки преговори нашле решение со ВМР0-ДПМНЕ да бидат обештетни слично како Законот за стара девизна заштеда. По толку месеци преговори одлучија веста да ја соопштат директно пред избори. Воедно вели дека одржува прес конференција за да ја каже „радосната вест“, а на собирот нема новинари, нити новинарски прашања, туку некое трето лице го снима, а потоа снимаката се праќа до медиумите. Тоа не е прес конференција.

„Се собравме на прес да ви ја кажиме радосната вест бидејќи поминаа 24 тажни години за Битола од финансискиот земјотрес кој финсниски ја разруши Битола. Многу среќи згасна, многу планови пропаднаа, многу луѓе си го одзедоа својот живот, се разболеа и починаа. Еве денес имаме радосна вест ТАТ конечно крајно и трајно ќе биде решен. ВМРО –ДПМНЕ е партијата која во 2002 година ни донесе закон , повторно ни излегува во пресрет после година и пол тешки преговори, не беше лесно да се убедат луѓето, дојдовме до решение односно до договор со кој практично ние ќе бидеме обештетени веднаш што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземи власта на централно ниво. Затоа треба во овие моменти сите вие најмасовно сите штедачи 6000 не има да излеземе в недела на 31 октомври да го дадеме гласот за ВМРО-ДПМНЕ односно за Тони Коњановски. Тој е патот за нашето обештетување. Понатаму следи многу брзо дали парламентарнми избори или ново парламентарни мнозинство на кое тие треба да ја освојат власта на централно ниво и тогаш ќе течат 4-6 месеци додека се донеси законот за наше обештетување“, рече Гугучевски.

Точно е дека поминаа 24 години од финансиската катастрофа која ја погоди Битола и дека таа уништи многу судбини. И по многу перипетија и премрежја, ад хок решенија пред избори, навистина не е во ред да се манипулира повторно со маката на граѓаните, од било која политичка партија или здужение приврзок.    

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани