2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По снежната виулица утрово, механизацијата на зимската служба го расчистува снегот

Ноември 30, 2021


После интензивните врнежи од снег утрово, екипите задолжени за расчистување на снегот од коловозите и тротоарите постојано се на терен, информираат од Општина Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски, денеска изврши увид на состојбата со улиците во градот со цел иницирање на дополнителни активности, на местата каде тоа е потребно, имајќи ги предвид и ниските температури кои се очекуваат во текот на ноќта.

Тој ги повика претставниците на зимската служба на организирано и координирано делување, согласно програмата која беше донесена, веднаш по неговото доаѓање, на првата седница на Советот на општина Битола, како и дополнително одржаните состаноци, се наведува во соопштението од битолската Општина.


Механизацијата на јавните претпријатија, од утрово, работи на расчистување низ градските улици, така што нема задржување на поголеми наслаги од снег по улиците. Покрај расчистувањето, се врши и посипување со сол и ризла, а ќе бидат отворени и сливниците, со цел да се овозможи собирање на водата.

Во селата Цапари и Маловишта, заради нивната местоположба веќе се интервенира со две возила, а механизацијата работи на расчистување и во селото Бистрица.

После завршувањето на чистењето на улиците од прв приоритет, ќе се пристапи на расчистување на улиците од втор приоритет, како и дополнителна интервенција на патиштата до руралните места.

 

Утрово Битола беше зафатена од снежна виулица при што за само неколку часа наврнаа 17 сантиметри снег. Снежната покривка предизвика отежнато движење и на пешаците и на возилата,  застој во сообраќајот  и тешко искачување до повисоките зони од градот

Од УХМР најавуваат дека попладнево врнежите ќе престанат,  а облачноста ќе се намали. Температурите во следните денови ќе се спуштат под нула и ќе бидат од -10 до 2 степена

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани