АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорот на КЈП Нискоградба, Зоран Талевски информираше дека континуирано се работи на чистење на снегот од улиците, а екипите ќе бидат дополнително ангажирани и во попладневните и вечерните часови, кога ќе биде и фреквенцијата на сообраќајот намалена. Дополнително, се расчистува снегот во руралните места, како и во потпелистерските села.
Расчистувањето се врши со 10 возила, а до 15.00 часот искористени се 25 тони сол и 30 метри кубни ризла, при што чистењето се врши по приоритет согласно Програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2021/2022 година, односно прво се чистат улиците од прв приоритет и критичните точки, а потоа се продолжува со континуирана работа на другите места.
Постојаните снежни врнежи дополнително го отежнуваа целосното расчистување до 15.00 часот, но со намалувањето на интензитетот на врнежи од снег се зголемува можноста за делување и со дополнителна механизација и нови количини на сол и ризла на местата каде е потребно.