АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на Општина Битола на следната седница ќе ја поскапи тарифата за такси превозот, со која што според доставените материјални, 60 денари ќе чини старт со вклучен 1 километар, а за секој нареден километар 25 денари. Чекање во траење од 1 час ќе чини 300 денари. Иако во дневниот ред не се наведува дека се менува тарифата, сепак станува збор за поскапување ако се знае дека сега старт чини 30 денари, а секој следен километар е 20 денари.
За растојание од 3 километри колку што е од Јавор до горно Веро ќе чини 110 денари
Последен пат цената на такси превозот во Битола беше покачена во јуни 2019 година, на барање на такси превозниците, кога имаше корекција за 10 денари во тарифата, односно за старт од 20 се покачи на 30 денари, додека иако превозниците бараа покачување и на секој следен километар од 20 на 23 денари, Советот не изгласа таква одлука.
За ваквата одлука дел од советниците на тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано, а пак советничката група Поинаку воопшто не гласаше на одлуката.