2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обид да се подметне пожар во шумата кај Смолево

Мај 14, 2018

В очи денешниот верски празник Свети Атанасиј, патрон на црквичката кај Смолево, некој најверојатно се обиде да подметне пожар во околната шума. Група битолчани кои вчера попладне се искачувале до црквата, движејќи се по патека која водела низ густа шума, наишле на кофи полни со пилевина, шишиња со гориво и некаква направа на која биле обележани знаците плус и минус.

 

Битолчаните раскажуваат дека кофите биле оставени под дабови дрва и на патеката која од двете страни е обрасната со бујна вегетација. Содржината во кофите била запалена. Тие го изгаснале огнот, недозволувајќи пожар да се рашири и да ја зафати шумата кај Смолево. Фотографиите ги испратија до редакцијата на Апла.мк да ги објавиме и јавноста да дознае за она што можело да се случи во шумата во тој реон .

Според фотографиите и раскажувањето на очевидците, ова не е ништо друго туку обид за потпалување на шумата. Кофите се самоделски направи кои не е исклучена можноста дека биле користени и за потпалување на други шумски предели во Битолско зашто пожари на отворено во околијата на Битола во изминатите години често се случуваа.

Се поставува прашањето кој можел да биде толку несовесен и да подметнува пожар токму на празникот на црквата кога се знае дека и фреквенцијата на движење во тој реон ќе биде голема?

32484624 10211609382418091 2477939217733255168 n31631975 10211609377857977 8582899169281179648 n

32395157 10211609384418141 7639636514703409152 n

32472036 10211609384338139 7722214652607725568 n

32590557 10211609391298313 6428739097698762752 n

32558659 10211609379858027 6848585168928636928 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани