АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“ од Битола, Кире Крстевски (55), за „злоупотреба на службата“, а кривични пријави за „несовесно рабаотење“ поднесени се против неговите соработници во ова јавно претпријатие, помошник на директорот за технички работи М.М. (59), раководител на сектор за правни работи В.П. (58) и референтот за техничка исправност на возилата и поранешен раководител, С.Х. (55). Сите се осмничени дека во периодот од 2013 година до 2017 година му нанеле штета на ЈП „Нискоградба“ во вкупен износ од 15 милиони денари или 250 илјади евра.
Крстевски се товари дека во 2016 и 2017 година, по предлог на комисијата во која членувале останатите тројца пријавени, набавил бензин за возилата во претпријатието и масло за греење од правно лице кое немало лиценца за таа дејност, со што му овозможиле на оваа фирма да се стекне со противправна имотна корист од околу 6 милиони денари.
Во 2015 година, Крстевски, потпишал договор со фирма од Скопје за набавка на канализациски цевки, во вредност од 7,5 милиони денари, иако постигнатата конечна вредност на одржаната е аукција била 500 илјади денари, со што му овозмоил на ова правно лице да се стекне со вкупна имотна корист од 7 милиони денари.
Во 2016 година, пак, пораншениот директор на ЈП „Нискоградба“ му овозможил на фирма од која набавувал канализациони цевки да се стекне со 189 илјади денари повеќе од вкупно потпишана вредност од 2 милиони денари.
Крстевски се товари дека во периодот од 2013 до 2017 година дозволил да се набавуваат производи кои не се во спецификација на договорот склучен со фирма од Битола, со што ова правно лице се стекнало со имотна корист од околу 500 илјади денари.
На фирма од Скопје, со која ЈП „Нискограднба“ имало едногодишен договор за физичко и мониторинг обезбедување, од октомври 2014 до октомври 2015 година, Крстевски и овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1,4 милиони денари, затоа што без анекс на договорот и без посатпка за јавна набавка, фирмата ја ангажирал за истите услуиги до јануари 2018 година, кога бил потпишан нов договор
Неговите соработници пак постапиле несовесно при вршење на должноста, затоа што во постапкие за избор на најповолен понудувач за набвака на гориво за возилата и масло за греење, не го зеле предвид фактот што фимрата од Битола не поседувала лиценца за оваа дејност.
Полицијата поднесе кривични пријави против Крстевски и во април годинава, со кои тој се сомничи дека ги фалсификувал завршните сметки за 2013 и 2014 година, со цел да се прикаже добивка во работењето, а исто така, во периодот од 2013 до 2017 година, Крстевски одобрувал големи трошоци за репрезентација со што неоправдано се зголемувале расходите на претпријатието, за што поранешниот дикректор на Нискоградба заработи кривична пријава за несовесно работење.