2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Актуелниот министер за локална самоуправа,  Горан Милевски, најверојатно ќе се кандидира за градоначланик на Битола на претстојните локални избори, откако ОО на ЛДП Битола  го предложи за кандидат на Движењето ОДЛУЧНО за промени, со образложение дека тоа не е само на барање на членството, туку и на бројни поддржувачи на актуелната власт кои сакаат во оваа трка за градоначалник да се вклучи и тој.

Магистерот по биотехнички науки и досегашен инспектор во државниот инспекторат за земјоделство, Стевче Митревски, ќе биде нов кандидат за градоначалник на Демир Хисар, објави денеска генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, кои ги соопшти имињата на уште 16 кандидати за градоначалници, со што СДСМ вкупно утврди 51 кандидат кој ќе одат на следните локални избори. Николовски рече дека партијата оди на сигурна победа со Митревски

Граѓаните се тие што одлучуваат кој ќе ги води, како ќе ги води, кој заслужил да добие шанса и  што значи тоа во севкупното политичко одлучување. Локалната власт е многу значаен елемент и важно е кој ја претставува, какви се политиките и какви се димензионирањата за иднината многу е важно, изјави претседателот  на владеачката СДСМЗоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање кој ќе биде кандидат за градоначалник на Битола

Актуелната  градоначалничка Наташа Петровска, директорот на ЈП Водовод, Горан Козаров   и советникот Зоран Стојчевски до ИО на СДСМ поднесоа кандидатури за градоначаник од редовите на СДСМ

 

 

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ќе се кандидира за втор мандат на локалните Избори што треба да се одржат во Октомври годинава. Ова  го потврди во емисијата Директно на Тера, која ќе се емитува во четврток, пренесе телевизијата. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани