АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Акцијата за чистење на коритото на реката Драгор, која започна на почетокот на август влегува во последната фаза. Механизацијата ангажирана од ЈП „Нискоградба“ денеска беше по течението во централното подрачје, односно на потегот од Ленски мост до Дрвеното мовче.
Водата во реката Драгор денеска носеше пластични шишиња, но не успеа да ги однесе, па дел од нив кај Ленски Мост се вртеа и превртуваа низ неа. Низ речното корито во центарот на градот веќе стана вообичаена слика да гледаме пластичен отпад, ѓубришта, па дури и мебел фрлен во самата реката, а многу често водата пени како во неа да е истурен детергент или ги менува боите од бела до црвена.
Битолчани коментираат дека водата во реката Драгор можеби ќе се заштити од понатамошно загадување со изградба на колекторски систем и пречистителна станица, но како ќе ја заштитиме од несовесните граѓани кои не ја гледаат како природно богатсво туку како депонија за да се ослободат од сопственото ѓубре.
Телевизори, шпориња, фрижидери, фотелји и друга покуќнина честопати може да се види во реката Драгор. Денеска оваа збирка е надополнета со двосед.
ЈП „Нискоградба“ утрово започна со чистење на коритото на реката Драгор од бујната вегетација.