АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште еден битолчанец денеска е на листата на новозаболени од КОВИД-19 во државата.
Двајцата новозаболени од КОВИД-19, регистрирани во денешниот здравствен билтен, се членови на потесното семејство на 63 годишниот битолчанец кој почина од коронавирус, потврдија за апла.мк од Министетството за здравство
Вчерашниот регистриран случај, носител на коронавирус, бил асимптоматски, немал клиничка слика на КОВИД19, што е загрижувачки фактор за здравствените власти. За ова денеска разговараа членовите на Општинскиот кризен штаб на состанокот со градоначалничката Наташа Петровска.
Меѓу осумте новозаболени е и еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола. Тој е откриен со 185 тестирања направени во изминатите 24 часа, а покрај 1 заболен во Битола има 3 случаи во Скопје и 4 во Велес.