АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Има само 18 години, неколкумесечно музичко искуство, а веќе се закити со две награди на неодамна одржаниот фестивал во Охрид „Канео фест“. Битолчанецот Божидар Николовски, како дебитант, за неговата прва песна „Да си моја“ на оваа музчка манифестација ја понесе втората награда од жирито и наградата за најдобар аранжман. Комплетен автор на наградената композиција е Мими Марковски.
Кино клубот „Милтон Манаки„ од Битола, денеска им ги врачи високите признанија на двајцата нивни членови, Христијан Кочовски и Ема Лазаревска, кои за нивните 2 филма се стекнаа на меѓународниот фестивал на краткометражен филм во Шумен-Бугарија.
Добитник на гран при наградата на 20-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018 година е претставата „Контрабас“ на актерот Шовги Гусеинов од Азербејџан. На синоќешното свечено доделување на наградите, претседателот на трочлената жири комисија Коле Ангеловски истакна дека тој и членовите на жирито Нина Мазур и Весна Петрушевска, одлуката ја донеле едногласно.
За таканаречени јубилејни награди јавното претријатие „Пазари“ од Битола за 2017 година на вработените им поделило близу 18 илјади евра. Претпријатието последните години го раководеше Сашо Стаматов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој си замина од функцијата пред Нова Година.
Во документот до кои дојде апла.мк пишува дека за „јубилејни награди“ ексраководството на претпријатието на своите вработени им поделило 1.076.660 денари. Со оглед на тоа што во претпријатието се вработени 37 лица, во просек секој вработен лани добил околу 29.000 денари покрај редовните плати.
Матеја Стефановска, Марија Марковска и Ангела Каранфиловска се младите ликовни амбасадори на малиот битолски Монмартр, кои денеска ги добија наградите за своите ликовни дела од учеството на Меѓународниот детски ликовен натпревар "Лидице 2017" во Чешка. Дипломите и наградите лично им ги донесе амбасадорот на Република Чешка во нашата држава, неговата екселенција Мирослав Томан.