2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе продолжи со обидите за продажба на хотелот „Битола“ постапувајќи според одлуката на Владата донесена на 174 седница од 25 јули годинава со која им се наложува продажба на деловниот објект зашто е од несуштинско значење за работењето на Фондот. Ова е одговорот од Фондот на ПИОСМ на прашањата што ќе се преземи со некогаш репрезентативниот хотел „Битола“, во чии рамки имаше и пензионерски дом, а денес е искршен и ограбен.

Вработени од хотел „Битола„ денес со лопати во рацете и земја се обидуваа да ја затрупаат дупката што зина во близина на хотелот. Таа е со пречник околу половина метар, длабочина околу два метри, а во внатрешниот дел исполнета е со вода. Засега не се знае од што точно се појавила, но претставува опасност зашто во хотелот престојуваат и стари лица, а на околу има згради, центри за едукација на деца и други фирми. На парче картон поставен е натпис „пази дупка“, но тоа како да го привлекува уште повеќе вниманието на минувачите, па сите ѕиркаат да видат што има внатре. Тоа е опасно бидејќи околното земјиште се лизга.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани