
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски објави дека го напушта Собранието. Дурловски во пратеничките клупи седна како носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица на парламентарни избори што се одржаа годинава. Тој ова го објави вечерва на својот ФБ профил
15 вработени од текстилна фабрика во Ресен се позитивни на КОВИД-19. Овој кластер започна да се формира од средината на октомври. Дел од заболените се на домашно лекување, а дел се хоспитализрани, информираат за апла.мк од Министерството за здравство.
Данчо Балаловски долгогодишен инфектолог во Клиничката болница во Битола и неговиот син Петар Балаловски, лекар по општа медицина заедно водат битка против ковид-19 во Клиничката болница во Битола лекувајќи пацинети кои се соочија со оваа тешка болест. Лекарите порачуваат: „Почитувајте мерки, носете маски!“
Во моментот хоспитализирани се 39 пациенти болни од ковид-19 на Инфективното одделение при Клиничка болница Битола, а директорката Билјана Гагачовска изјави дека има уште слободни места и дека раководството има и планови за понатаму доколку бројките на хоспитализирани лица продолжат да растат.