
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
59 годишниот битолчанец кој е заведен во денешниот здравствен билтен како починат од ковид-19, умрел во болнички услови (ГОБ 8-ми Септември Скопје) каде бил хоспитализиран од 14.09. 2020. Предходно бил лекуван и имал коморбидитети. Подолг период бил отсутен од работното место и нема податок за контакт со позитивно лице, соопштија од Министерството за здравство за Апла.мк.
Учениците од прво до трето одделение денеска го имаа првиот училишен ден во сите основни училишта на територијата на Општина Битола. Учебната година еден месец подоцна од вообичаено, започна за сите ученици и на далечина .
Од Општина Битола ни потврдија дека новата школска година во сите училишта во општината започна без проблеми по сите протоколи.
Денеска, на првиот училиен ден, децата треба да бидат запознаени со протоколите за однесување во училиштето во услови на пандемија, а ќе им се објасни и што значи зараза со корона вирус.
Двајцата полицајци од Битола кои завршија со суспензија да се вратат на работа, а понатаму институциите како што се Одделот за внатрешна контрола, Јавното обвинителство и судовите да донесат соодветна одлука заснована на факти, побара Независниот синдикат на полицијата на денешниот мото протест во Битола.