
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Над 800 деца ќе бидат згрижени во битолските градинки на 9 септември. Толкава е бројката на деца чии родители се изјасниле дека се самохрани, а вработени или дека двајцата родител им работат на место кое не трпи физичко отсуство. Остануваат само дваесетина деца кои поради потоколите за ограничен број на деца до 6 во јасли и 15 деца во поголеми групи, нема да можат да се сместат во градинките во централното подрачје, па ќе треба да одат во руралните. Но, родителите одбиваат да ги однесат во друга градинка.
По објавите на Апла за ноќното диеење на млади моторџии низ битолските улици, овој пат жители од зградите во близина на ОУ "Кчимент Охридски" ни пратија снимки.
Иако во повеќето училишта учебната година на први октомври ќе почне без физичко присуство на учениците, училиштата во Општина Битола значително ги подобрија условите за настава. Во градот нема училиште каде во изминатиот период не се изведуваа реконструктивни зафати. Се санираа тоалети, покриви, фасади, се обновуваа спортските терени, се менуваа врати и прозорци, се попрваа, тавани, кабинети... Според податоци од Општината, во инстраструктурни зафати оваа локална власт во 11 основни и 5 средни училишта за три години вложи 13 291 930 денари или 221 532 евра.
Пандемијата целосно ни го промени животот. Овој први септември за првпат не заѕвони училишното ѕвонче. Прва генерација првачиња на овој први септември не седнаа во клупите....Шестоодделенците не се запознаа со новите наставници... Средношколците од прва година ни со новите другари, ни со професорите, ни со училиштето...
Се појави дефект на водоводна мрежа на потегот од Царински терминал до граничниот премин Меџитлија, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод“. Поради ова, прекин во водоснабдувањето одреден период ќе има од село Кравари до Грчка граница. Екипите на ЈКП Водовод се на терен и работат на отстранување на дефектот и најбрзо нормализирање на водоснабдувањето, велат од Претпријатието.