Директно

Првото бебе што се роди во Битола во Новата 2020 година е женско. Кога првото новородено е женско се верува дека годината ќе биде плодна и беиќетна! Евгенија се роди спонтано, само пет минути по полноќ.evgenija

.

Снегот предновогодишно ги израдува битолчани. Во последните години ретко се случуваше Нова година да ја дочекаат со снег. Не се очекува снежната покривка да се здражи долго, но сепак донесе претпразнична романтика и почист воздух во Битола.     

Предновогодишна магија во Ниже Поле. Во петокот вечерта во дворот на црквата Св. Петка се одржа првиот Нижеполски базар. Настанот беше од хуманитарен карактер. Целта беше паричните средства кои ќе се соберат, да се донираат на самата црква за потребите на мештаните.

Снег во Битола

Декември 28, 2019

Оваа зима за првпат во Битола проснежи. Но, според синоптичарите снежна покривка нема да се задржи. И утре се очекува да провејува снег. Температурата денес и утре од три степени до минус четири Целзиусови. 

Ж.З.  

Советничките од владеачката коалиција предводена од СДСМ денес ја напуштија седницата на Совет во моментот кога на говорницата застана советникот на „Понаку“ Иван Чулакоски да дискутира.

„Се додека не добиеме одговор, на начин на кој го побаравме, ќе напуштаме дискусија. Тој одбра палки, камења и линч, ние одбравме бојкот“. Демократско право е, исто такво какво тие имаат за протестот“, рекоа советничките од СДСМ за Апла.мк.

Во новата 2020 година првите консументи на гасификацијата ќе бидат Фабриката Цермат, Битолската млекарница Бимилк, Сокотаб, Средното земјоделско училиште, Ветеринарниот факултет и други објекти кои најпрво ќе се приклучат на гасоводната мрежа, најави градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет образложувајќи го буџетот. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани