2win800x200

Директно

Битолчанката Снежана  Мицкоска, дипломирана медицинска сестра вработена на Интерното одделение во Битолската клиничка болница доби пофални зборови и големо благодарност за нејзината пожртвуваност во борбата со коронавирусот токму од излекувани пацинти од Скопје. Весна од Скопје раскажувајќи го своето искуство со болеста КОВИД-19 вели дека медицински сестри трчаа во скафандери на 40 степени додека мајка и се борела за живот, наведувајќи дека е презадоволна од работата на лекарите, медицинските сестри и персоналот на ГОБ „8 Септември“, каде нашата Снежана од 10 јули беше испратена од Клиничката болница во Битола заедно со уште две медицински сестри , според системот ротација да помагаат во ковид центарот во Скопје. 

Главната медицинска сестра на Клиничката болница во Битола Радмила Бајовска вели дека е горда на својот медицински кадар и на заложбите на сите медицински сестри кои досега беа дел од тимовите на ковид центарот ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

-На заминување, во 5 и 30 часот, рано утрото кога се испраќавме им реков-Покажете се во најдоброто светло, а нивниот одговор беше поинаку и не знаеме. Тоа е доказ за нашиот професионализам, нашата пожртвуваност во борбата со вирусот, вели Бајовска за Апла.мк.

Министерот Венко Филипче на својот Фејсбук профил го објави сведочењето на пацинетката Весна која несебично искажа благодарност за нашата Снежана.   „Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше со живот или смрт. Презадоволна сум од лекарите, медицинските сестри, болничарките и хигиеничарките во ГОБ „8 Септември“. Достапни беа во секое време. Благодарност до сестра Наташа од Скопје и сестра Снежана од Битола. Таква несебична помош дадоа, немам зборови за грижата кон мене и мајка ми која има 81 година и е дијабетичар веќе 30 години. Тоа што ме мотивираше да издржам овие денови е желбата за живот, моето семејство и ќерката Мила која е во изолација 15 денови сама дома. Апелирам да носиме заштитни маски, да држиме растојание и хигиена за да се заштитиме од коронавирусот“, вели Весна. Таа, денеска заедно со мајка и Убавка, заминaa дома по 20 дена хоспитализација и лекување од ковид-19 во Градската општа болница „8 Септември“

5362296cd420f51cb9d648fb3915ede6 XL

Невреме проследено со силни вренежи од дожд ја зафати попладнево Битола.  

Во Преспанското Езеро се трага по 16-годишно момче кое вчерапопладне за време на големиот празник Илинден исчезнало во езерските води. Од МВР соопштија дека пријава за исчезнато лице добиле во 18,18 часот од Итната медицинска помош дека кај туристичката населба Претор во водите на Преспанското Езеро исчезнал И.М. (2004)  од Ресен. 

Очевидци раскажуваат дека цела плажа била на нозе да помогне, а во потрагата помагал и брод, се влечеле рибарски мрежи, а се вклучиле и нуркачи од Охрид. 

,, Со кајак пловев низ длабокото од Асамати за Сливница и околу 18, 30 часот слушнав сирена за Брза помош. Помислив дека се работи за топлотен удар или инфаркт.Но, на враќање навратив до Претор. Луѓе од цела плажа кај ,,Пица - бич" барот беа простум на нозе. Поминав меѓу два чамци со луѓе, ми рекоа да побарам полево. Ми кажаа дека се удавило 16 годишно момче. Во потрагата се вклучи и бродче, влечеа големи рибарски мрежи, но попусто", напиша Дејан Трајковски од Битола на фб профилот. 

По момчето се трагаше дп доцна во коќта. 

 

„Нека ни е честит 2 Август, нека ни се вековити вредностите што овој ден ги носи со себе низ столетијата, вредности на почит, соживот, разбирање, слобода, творење и напредок“, порача градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, по повод големиот празник Илинде кој има двојно историско, општествено-политичко, но и исконско - верско значење за државата. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани