АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Цената на водата и таксата за канализација поскапеа во просек за 10 проценти. Водата за 2018 година за домаќинствата од 24, 25 денари по метар кубен поскапува на 27 денари, поточно за 2, 75 денари. За индустријата од 45 денари на 47, 80. Сметката за Нискиградба поскапува за 1,34 денари за домаќинствата, односно ако досега се плаќаше 10,55 сега ќе се плаќа 11, 89 денари. За претпријатијатаод 15, 83 на 17, 24 денари. .
Разрушена, распадната, обезличена до крај текстилната фабрика „Хераклеја“во Битола, остана како нем споменик од времето на социјализмот. Руината на некогашната фабрика сместена на Булеварот 1 Мај е грдата слика на градот. Затворањето на оваа фабрика, а потоа и стечајните лавиринти не оставија во наследство ништо друго освен рушевини кои од далеку и само за миг ги крадат погледите на минувачите, предизвикувајќи чувство на сожалување, но и гнев.
Професорката Елизабета Попова Рамова која пред десетина дена доби отказно решение од Високата медицинска школа, ја доби правната битка. Управниот суд, одлучувајќи по нејзина тужба ја поништи одлуката со која ѝ беше одземено професорското звање од страна на Високата медицинска школа. Попова Рамова иако беше носител на студиската насока за физикална медицина беше отпуштена од работа откако Просветниот инспекторат постапувајќи по пријава за плагијат побара од Високата медицинска школа во Битола да ѝ го поништи звањето професор.
Битолчанецот Томе Ѓорѓиевски има телесен инвалидитет и низ Битола се движи со специјализирано моторче. Но, ретко успева да го паркира на места наменети за возила во сопственост на инвалиди. Приодите до тие места често пати се блокирани со други возила.
„На места каде што има паркинзи за инвалиди, пречки има на приодите. Паркирани коли да не можеш да поминеш. Пред некој ден кај трговската куќа Јавор во центарот на Битола имаше паркирано возило и полицијата тука беше. Им реков на тие од полиција вака не смеат да се паркираат. Ми рекоа дека несовесни граѓани биле. Па, пиши им пријава ако се несвесни тие, бидете вие свесни“, рече Ѓоргиевски.
Тој денес учествуваше во дефилето на инвалидизираните лица низ Широк Сокак. Дефилето во организацина на „Мобилност Битола“ се одржа традиционално по 12 пат,а целта беше да се влијае врз општеството за остварување на правата на лицата со инавлидност.
„Уште во зграда се соочувам со бариера, нема пристапна рампа. Секој ден слегувам со помош на маж ми и ќерка ми. Сакаме да прошетаме, не се живее по цел ден затворен во стан. Болницата е достапна, а другите места не. Аптеките се недостапни. Кај матичниот лекар нема пристапна рампа“, се пожали битолчанката Олгица Огненовска.
На дефилето се приклучи и градоначалничката Наташа Петровска која изјави дека ќе работат на остранување на бариерите кои ја попречуваат мобилноста на оваа категорија на сограѓани.
„Настојувам во нашите средби да таргетираме точно каде се проблематичните точки кои ја попречуваат мобилноста на нашите сограѓани и истите да бидат вградени во програми и во инфраструктурни зафати на Општината како би се реализирале. Би била пресреќна доколку ова успееме да го мапираме и овозможиме уште со ребалансот на буџетот“, рече Петровска.
Проф. д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво од Битола, одржа предавање на тема „Лобираме заедно“ при што истакна дека порано архитектонските бариери беа најголем проблем, сега се повеќе е човековиот ум како бариера, односно разбирањето на потребата за да им се помогне на лицата со инвалидитет зашто тоа не треба да биде потреба туку култура на однесување.
„Денес ќе го промовирам универзалниот дизајн што е поткрепа на идејата за култура на однесување и начинот како да им се помогне на овие лица. И ќе ја промовирам Стратегијата за рамноправна поддршка на лицата со инвалидитет со јавните власти која ја има веќе усвоено градот Загреб и мислам дека е лесно применлива во нашиот град и држава“, рече Танушевски.
Со претставата на Народниот театар од Битола "Јулие Цезар (RES PUBLIKA или KOSA NOSTRA)" вечерва започна шестото издание на "Битола Шекспир фестивалот". Претставата е во режија на белградскиот режисер Златко Паковиќ, а ја третира темата на политичкото убиство, чин кој се извршува за спас на републиката или во интерес да се дограби повисока државничка позиција.
Да се отворат сите постапки како Планинарско-спортското друштво „Пелистер“ стекна право на сопственост на планинарскиот дом Копанки, барааат од Ски клубот „Пелистер“ од Битола. Од таму велат дека се неправедно изоставени од процесите на трансформација и право на користење на сите инфраструктурни објекти во ски центарот Копанки.
За првпат на стартот од битолското културно лето „Бит Фест“ соопштено е колку ќе ги чини битолчани двомесечното културно инјектирање.
„Во името на транспaрентноста за првпат отворено ќе се знае сумата потрошена за културата ова лето. Одобрени средства во програмскиот дел се 5 240 000 денари и тоа 3 240 000 денари од буџетот на Општина Битола и за првпат 2 милиони денари од буџетот на РМ. Вкупната сума е неколкукратно пониска од изминатите години, не затоа што не треба да се троши, туку затоа што локалната самоуправа мора да мисли на сите аспекти на животот во општината од култура до инфраструктура“, рече градоначалничката Наташа Петровска..
Просветните работници на кои не им беа продолжени договорите за работа по училиштата и градинките во Битола, денеска после неколку месеци инсистирање се сретнаа со градоначалничката Наташа Петровска. Од осумдесеттина отпуштени наставници на средбата присуствувале 15, кои од градоначалничката побарале помош да се преиспитаат постапките зошто не им биле продолжени договорите за работа во второто полугодие од оваа учебна година.
Со 83.6% исполнетост на обврските за објавување на јавни информации, општина Битола е рангирана на прво место во државата, од вкупно 97 институции врз кои е спроведено истражување за проценка на активната транспарентност на институциите, соопштуваат од општината.
Камион натоварен со бекатон плочки се преврти на патот Битола-Ресен кај превојот Ѓавато, откако му откажал системот за кочење.
Најпрво камионот удрил во заштитната ограда крај патот, по што се превртил.
Камионот е со битолски регистерски таблички, и е предизвикана само материјална штета. Нема жртви, ниту повредени, потврдуваат од СВР Битола за апла.мк