2win800x200

МАКЕДОНИЈА

30 годишен битолчанец со  иницијали А.С. е осмничен дека преку социјалните мрежи им се заканувал на пратеници во Собранието на РМ. Полицијата ќе му поднесе кривична пријава поради споделена објава на ФБ со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратениците и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Манастирскиот комплекс “Св .Петка“ во битолското село Цапари денеска ги отвори вратите за верниците за големиот верски празник „Петковден“.

Тренд на намалување бележи бројот на повреди на работни места во РЕК ,,Битола", беше истакнато при денешното одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа. Годинава евидентирани се 70 повреди на работно место, а пред две години биле 120. 

Македонија ја победи Турција со резултат 31:27 на  ракометниот натпреварот од  квалификациите за Европското првенство, што се одигра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Почна натпреварот во ракомет меѓу репрезентациите  на Македонија и Турција кој се игра во  спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Салата  е исполнета до последно место, а атмосферата е онаква каква што само може да ја направи битолската публика во ракометна Битола.

Општина Битола ја набави целокупната потребна документација за реконструкција на Офицерскиот дом и сега се подготвени за распишување на тендер за отпочнување на реконтруктивни зафати, соопшти градоначалничката Наташа Петровска на денешниот отчет за една година локална власт.

Репликата „партискиот начин на работа преовладува и не знам дали ќе има спас од ваквото функционирање “ искажана од независната советничка Габриела Илиевска на вчерашната седница,  предизвика сочна политичка кавга во битолскиот Совет. Претседателот на Совет Валентин Груевски од ЛДП, го возврати ударот нарекувајќи ја Илиевска „истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ, но на ова не остана имун советникот Ивачно Тошевски, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќајќи дека тој не е за непринципиелни коалиции.

Со ребалансот на буџетот на Општина Битола издвоени се два милиони денари за да им се надоместат трошоците на родителите кои во изминатиот период морале од џеб да го плаќаат превозот на учениците, кој законски треба да е бесплатен.

И по 115 години од Илинденското востание, а сѐ уште не се знае каде се крие знамето на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ, кого го сочинувале Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов, а на кого му биле пренесени сите овластувања за Илинденското востание.

Дел од македонските историчари претпоставуваат дека знамето љубоморно се чува во некое депо во Софија, Бугарија.

Бројот на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитници на Државна Видеолотарија на РМ, расте со несмален интензитет и во месец октомври.Само во првата половина од овој месец добивме нови 6 добитници на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Вкупниот износ  на овие добивки е 8.593.651,00 денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани