
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советници, НВО активисти, актери, уметници, адвокати, планинари, спортисти и други битолчани ќе добијат субвенции за велосипеди од страна на Општина Битола. Општината на својата веб страница вчера го објави списокот со имиња и адреси на граѓаните чии апликации се прифатени. На списокот се 193 лица од Битола, Кравари, Буково, Крклино, Лопатица, Долно Оризари.
Владо Атанасовски од денеска е директор на ЈП „Пазари“-Битола . Атанасовски е магистер по менаџмент во образование и е од редот на вработените.
До средината на декември годинава, Битола ќе добие полигон за практична обука и полагање на практичен тест на идните возачи од нашиот град и регионот. Зоран Кузмановски, управител на Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола за апла.мк изјави дека проектот за полигонот е завршен и за десет од петнаесет дена ќе се изгради и полигонот. Локацијата на полигонот е одредена во близина на селото Долно Оризари и според Кузмановски тој ќе се простира на површина од 5 илјади квадратни метри.
Државна видеолотарија, за Универзитетската клиника за детска хирургија, донираше мобилен ехо-апарат во вредност од 1 милион и 230 илјади денари
Битола и хидро системот Стрежево беа неговиот живот, раскажува за Апла.мк младиот адвокат Томе Делов за неговиот сега покоен дедо, по кого ги доби и името и презимето. Постариот Томе Делов, битолчани го паметат како еден од најкреативните директори на Јавното претпријатие „Стрежево“ кое го водеше во периодот од 1980 до 1997 година, творец на хидро системот- браната и вештачкото езеро.
Никола Груевски мора да биде вратен во државата и ќе биде вратен. Тој во овој момент е исто толку опасен за Македонија како и во моментот кога беше премиер, рече пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски.
Современ Центар за динамичка регулација и видео надзор врз сите објекти и зафати воведе ЈП „Стрежево“ на 40 роденден од постоењето на ова претпријатие. Со овој надзор претпријатието ќе има 24 часовен мониторинг и контрла врз сите објекти и зафати кои се во нивна надлежност, започнувајќи од зградата, стопанскиот двор, рибникот, зафатите, дури до најоддалечните точки кај грчка граница. На отворањето на Центарот кој е сместен во просториите на претпријатието, денес присуствуваа вработени, експерти од оваа област, директори, партеници и други гости.
Јавното претпријатие ,,Стрежево" денес слави јубилеј, 40 години постоење. Пуштен е во употреба Центар за динамичка регулација и видео надзор на објектите на претпријатието. Јубилејот на претпријатието му го честитаа многумина вработени, пензионирани работници, директори и други битолчани. Присутен е и генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски.
Директорот на ЈП ,,Стрежево" Менде Граматковски рече дека ова е јубилеј достоен за почит и дека се преземаат мерки за понатамошен развој на ,,Стрежево".
Пратеникот Кирацовски рече дека хидросистемот многу е значаен за Битола и рече дека ќе помогне системот и понатаму да се унапредува. .
Грчката полиција започна истрага за да ги идентификува одговорните за повлекување на 105 гранични столбови на граничната линија меѓу Грција и Македонија, јави „Грчки репортер“. Според овој портал, столбовите се отстранети од нивните темели.
Некои од нив, пирамиди околу еден метар високи и некои помали цилиндри, наводно биле отстранети помеѓу четврток и петок, вдолж делот од 13 километри на границата меѓу селата Мезокампос и Ахлада во близина на градот на Лерин.
Новинската агенција Атина-Македонија објави дека обвинителството и воените власти во областа биле предупредени.
Битолчани во минатото биле доста инвентивни и вештините ги користеле за да се разубават празниците.