
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Група планинари и рекреативци ноќеска два часа по полноќ тргнаа на пат за Антена во тешки временски услови за рано утрово да го испијат првото новогодишно кафе или чај во планинарскиот Дом. Ваквата новогодишна авантура планинарите ја практикуваат седум години по ред.
Голем број битолчани ја дочекаа Новата 2019 година на плоштадот Магнолија во Битола. Точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година, по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која беше меѓу своите сограѓани на Магнолија.
Младиот битолчанец Марјан Зисовски денеска беше првиот кандидат кој полагаше практичен дел од возачкиот испит на новиот полигон во Битола. Тој се стекна со возачка дозвола од Ц категорија.
Од денеска започнува со работа новиот полигон за полагање на практичниот дел од возачкиот испит во Битола. По 5 годишен застој, откако МВР го забрани полигонот на паркингот пред спортската сала поради тоа што не ги исполнуваше стандардите, Битола доби нов полигон.
Битолчанката Мери Тошевска (35) која е неподвижна и врзана за инвалидска количка, не боледува од мултиплекс склероза, болест што првично и беше дијагностицирана, туку најверојатно станува збор за поврди на р’бетот.
Лицата со оштетен вид преку допир на тактилни слики може да ја почувствуваат убавината, на фреските, иконите, мозаиците од Хераклеја, како и други експонати кои се дел од постојаната поставката на битолскиот Завод и музеј. Зоран Софрониевски од Битола е лице со оштетен вид и не може да го види нашето богато културно наследство.
Додека кафаните вријат од гости кои со песна, музика и храна предновогодишно се забавуваат, група битолски планинари се одлучија поинаку да уживаат во претпразничната атмосфера.
За Нова година на плоштадот Магнолија битолчани ќе ги забвуваат група „Боеми“, „Силви Бенд“, пејачот Сефедин Бајрамов и ди џеј Христијан Ѓаковски. Во настапот насловен „Кафана Широк Сокак“ кој започнува за време на најлудата ноќ од 22,45 и ќе трае половина час по полноќ, ќе настапат гурпата „Боеми“, како и актерите Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска Илијевски. На полноќ ќе има огномет, а потоа со настапот продолжуваат Боеми се до 1,30 по полноќ.
Новогодишната програма во организација на Општина Битола ќе трае два дена, во недела и понеделник и предвидени е богата детска програма со многу песни и пет театарски претстави.