2win800x200

Директно

Белградскиот режисер Златко Паковиќ, кој ја режира најновата претстава на Битолскиот народен театар „Јулие Цезар- рес публика или Коза Ностра“ чија премиера е во петок, на прес конферецнија направи споредба меѓу поранешниот римски водач Цезар и екс премиерот Никола Груевски.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска мобилниот телефон „Ајфон“ што го добила како вработена во Општина Битола, од бившата власт, и по седум месеци од заминувањето од општинската администрација не го вратила назат. „Ајфонот“ денеска на Совет го побара градоначалничката Наташа Петровска и ја повика советничката што побрзо да се раздолжи.

Опозицијата го поздрави присуството на градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет со зборовите „Нека е за аирлија“ и прашуваше за состојбите во образованието, за непотизмот , за легализацијата на објектите, за обиколницата, за загадениот воздух...Завршните сметки на училиштата и градинките денеска се најдоа пред советниците. Училиштата должат 4, 3 милиони евра, долгови наследени од бившата власт. Петровска ги потсети советниците од опозицијата дека токму заради образованието некои се влечкаат по судови.

Емилија Костурска, професор по информатика и советник од редовите на СДСМ, е назначена за заменик градоначалник на Општина Битола.

Битолската полиција поднесе кривични пријави против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“, Кире Крстевски, за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување “несовесно работење во службата” и “фалсификување или уништување на деловни книги”.

Веќе не предаваат во Горната гимназија, но работниот век ги поврза за на век. Иако пезнионирани по повеќе години, не пропуштаат ни една недела без да се сретнат. Збирно место им ресторанот „Грне“ во центарот на Битола каде со по некој филџан кафе ќе помуабетат, евоцирајќи спомени за минатото кога биле професорки, а дискутирајќи и за сегашноста. Понекогаш се собираат и по петнесетина пензионирани професорки од гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола  од фирмата „Жито Лукс“.

Битолската публика вечерва имаше можност да ужива во бродвејски амбиент што во големата сала на Центарот за култура го доносоа Камерниот оркестар од Битола и солистите кои настапија на овој концерт.

35 годишниот моторџија Б.А. , жител на село Мојно, попладнево загина во тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола за Ресен во близина на бензиската пумпа "Лукоил". 

Окупаторот мислел дека војува со баталјон, а спроти себе имал седуммина партизани, од кои три жени.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани