АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Оние кои нема да имаат можност да присуствуваат на церемонијата за свеченото отворање на фестивалот "Браќа Манаки" во Битола, за првпат ќе можат настанот да го проследат на видео бим поставен пред Центарот за култура.
Отворањето на фестивалот е вечерва во 20 часот
Легендарната филмска дива Клаудија Кардинале попладнево пристигна во Битола, а таа допатува заедно со нејзината ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија. Гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благоја Куновски Доре. Клаудија Кардинале вечерва ќе прошета по црвениот килима, а на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе ѝ биде врачена наградатат златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска во попладневните часови пристигнаа во Македонија.
Клаудија Кардинале пристигна со својата ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија и иако помалку уморна, таа на аеродромот во Скопје беше расположена, ведра и заинтересирана да ја запознае земјата која и’ оддава почест со наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија. Таа како вистинска филмска дива не покажа дека е заморена од патот, дозволи неколку фотографии веднаш по пристигнувањето.
Двата пожари кои избувнаа денеска околу пладне во Битола, се ставени под контрола и нема опасност по луѓето и куќите, информираат од општина Битола.
Попладнево пожар избувна на ридот над населбата Горно Оризари во Битола. Пламените јазици зафатија голем дел од шумската површина и тоа ниска трева и во дел борови стебла. На терен огнот го гаснат екипи на битолската Противпожарна единица, Јавното претпријатие „Комуналец“, а се вклучи и локалното население. Пожарот се јавил во повисоките делови од ридот, а потоа потпомогнат од топлото време и ветерот се прошири на стотина метри од населбата Горно Оризари. Причините не се занаат, но битолчани кои живеат во близина велат дека секое лето некој го потпалува ридот.
Про боно или без пари, за општо добор е ангажманот на поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон за „За европска Македонија“. На синоќешната трибина во Битола, граѓанин го запраша лордот Робертсон кој го платил патот да дојде до Македонија?
-Од 2001 година од кога дојдов во Македонија и физички, и со срцето и со мислите јас сум тука и сум заинтересиран за Македонија, одговори Робертсон поддржан со силен аплауз од публиката.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ја поздави Битола како да е главен град на Македонија, откако и националниот координатор за НАТО во Македонија, Стево Пендаровски, рече дека таа е стариот главен град на Македонија и ги повикаа битолчани да излезат на рефрендумот. Тие гостуваа на трибината „За европска Македонија“ што се одржа на отворено на местото каде некогаш беше Белата фонтана во Битола.
Дека улицата „Васко Карангелевски“ во Битола е една од сообраќајните црни точки во градот, потврдуваат и статистичките податоци на СВР Битола. Во периодот од 2003 до 2015 година на оваа улица потешко и полесно се повредени 38 пешаци, од кој голем број се деца. Речиси е невозможно безбедно да се помине улицата на пешачкиот премин кој води кон основото училиште „Елпида Караманди“, но и кон Дневниот центар за лица со пречки во развојот.