2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Канализацијата во индустриската зона Жабени била пуштена во употреба без технички прием, соопштија од Општина Битола. Формирана е комисија која треба да ја согледа цела ситуација зошто било тоа така и зошто од 2013 година до сега немало технички прием.

Александар Гоцев од Богданци е најновиот милионер. Дваесет и петгодишниот студент во Германија, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.462.511,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 09.11.2018 во Спорт Лаиф Трејд во Богданци.

За над 40 проценти зголемен е бројот на ноќевања на странски туристи во Битола за месец август 2018 година во споредба со истиот месец лани, покажаа податоците на Заводот за статистика.

Во осми месец оваа година во Битола регистрирани се 11 396 ноеќвања, а истиот период лани 6822, во 2016 година пак, 4797.

Кабинетите по физика и практична настава - електроенергетика во Техничкото училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола кои се опремени со грант од германската амбасада, денеска ги посети заменик амбасадорот на СР Германија во нашата држава , д-р Петар Шалер, симболично предавајќи ги во употреба.

Споменикот на бранителите„ Ангел“ кој се наоѓа во паркот кај градскиот часовник деновиве е сквернавен со графит на кој е испишан бројот 420 кој всушност е код на марихуаната. Битолчани реагираат што на ваквов начин се уништува  спомен обележјето подигнато во чест на 7те мина бранители кои ги положија своите животи на браникот на татковината во конфликтото во 2001 година, а кои потекнуваат од Битола и битолско.

Оливер Змејковски од Виница, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.712.603, 00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 26.10.2018 во Делта Бет Моцарт во Виница.

Заедно со битолчаните сонот ќе го издигнеме до јаве. Енергијата ја црпам од промената на она што заедно сме го направиле зашто тоа не се моите туку нашите пари. Имав неспани ноќи заради немир, не од направеното, туку имав неспани ноќи за тоа што треба да е направено особено во испроблематизирани затекнати ситуации“, рече градоначалничката Наташа Петровска во својот говор при свеченото доделување на наградата „4 Номеври“’.

Добитничката на наградата за животно дело ,,4 Ноември", Виолета Томовска, на свечената церемонија на доделувањето на наградите во Центарот за култура, рече дека не би сакала да зборува многу, туку да ги поздрави битолчани со песна. По ова ја испеа песната што композиторот Кире Костов ја има напишано за Битола. 

Битола денеска го чествува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, а по тој повод градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, делегациите на збратимените градови Епинал од Франција, Стари Град, Србија и Плевен, Бугарија, општинскиот Сојуз  на борци, претставници на локалната смоуправа, советниците од Советот на Општина Битола, претставници на политичките партии и невладини здруженија денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани