АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД ЕСМ воведе нови мерки за штедење и ги прошири мерките кои ги донесе во декември 2021г, со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза. Со најновите мерки ревидирани се планот за јавни набавки, финансискиот план и програмата за инвестиции за 2022г.
Преземени се пошироки мерки за заштеди и преку намалување на издатоците за плати и надоместоци, почнувајќи од платите во Управниот одбор, односно намалени се платите на генералниот директор на АД ЕСМ, и на заменик генералниот директор, како и други издатоци на име месечни примања, кои ќе придонесат за намалување на трошоците во делот на платите.
Издадени се решенија за мерка принуден одмор до два месеци врз основа на доброволно пријавување на работниците, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата, со што исто така ќе се остварат заштеди.
Уште од декември 2021г. намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно:
Мерките се насочени кон намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.
Со почит,
АД Електрани на Северна Македонија