2win800x200

Измамничка од Битола со лажни ветувања „заработила“ 22 500 евра за наводно вработување во МВР

Јули 02, 2025

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки. Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22 500 евра.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани