АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Огромно дрво се сруши во Градскиот парк во Битола спроти железничката станица, за среќа нема повредни, бидејќи според очевидци читатели на Апла.мк дрвото се срушило на тревната површина, а не на пешачката патека. Дрвото се отцепило од самиот корен иако трупот е со пречник од околу метар и половина, а во висина е повеќе од 15 метри. Битолчани велат дека во паркот има дрвја кои се стари повеќе од 80 години , (од почетокот на пошумувањето на оваа локација од 1932) и претставуваат опасност за шетачите и рекреативците кои интензивно и во лето и во зима рекреираат во паркот, па бараат од надлежните да се направи ревизија на сите дрвја и да се види кое од нив би можело да претставува нова опасност, како и тоа да се посадат нови со цел да се задржи густината на дрвјата во Градскиот парк.
А.Б