АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 09.02.2022 во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека во Клиничка болница Битола со повреди од огнено оружје била пренесена 29 годишна битолчанка. По преземени мерки и по извршен разговор со повредената било утврдено дека таа се повредила сама во својот дом при чистење на воздушна пушка, која ја поседувала со дозвола.
На 09.02.2022 во СВР Битола било пријавено дека од помошен објект на „Центар за јавно здравје” – Битола на улица „Ѓорѓи Наумов” во Битола биле одземени неколку предмети. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При контролата биле откриени и санкционирани 29 прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) во периодот од 15.00 до 20.00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Притоа санкционирани се 7 возачи.
Секторот за внатрешни работи Битола и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.