2win800x200

Непознати лица ги украле семафорите со акумулатори и патната сигнализација кои во петокот беа поставени кај свлечиштето на обиколницата над Битола што е дел од регионалниот пат Прилеп-Охрид. Редакцијата на Апла.мк во петокот направи фотографии од поставените семафори и ги објави на порталот, но денес местото е празно.

Ставени се во функција семафорите на обиколницата над Битола. По поставувањето и вклучувањето на  семафорскиот систем се очекува до вторник да биде донесено и решението за пуштање во сообраќај на обиколницата над Битола, а со тоа и растеретување на сообраќајот низ градските улици од тешките товарни возила кои само транзитираа низ Битола.

Веста ја потврди Зоран Илиоски, технички директор на фирмата изведувач „Илинден “ од Струга која работи на санирање на свлечиштата на обиколницата.

Обиколницата над  Битола, која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и натаму не е во функција поради  ново свлечиште, кое се појави, додека се санираше стариот одрон од ридот. Иако беше најавено дека привремено решение ќе биде поставување на семафори, со кои сообраќајот би се одвивал  наизменично, по една коловозна лента, со цел тешките товарни возила да не транзитираат низ градот и доплнително да го загадуваат воздухот, сепак, ваквото решение со појавата на новото свлечиште не можеше да се реализра. Од   јавното претпријатие за државни патишта, велат  дека заради безбедност на возачите и минувачите, полицијата и изведувачот одлучиле обиколницата да не се отвора за сообраќај.

Со семафори кои наизменично ќе ги пропуштаат возилата по една коловозна лента, ќе се регулира сообраќајот на обиколницата над Битола која поради одрон на камења е затворена повеќе од една година. Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека деновиве ќе биде отворена, иако станува збор за времено решение, додека се работи на санација на свлечиштата на овој дел од  магистралниот  пат Охрид-Битола-Прилеп. 

Градежните работи на обиколницата  почнаа пред неколку недели, а  на местата каде има одрони се поставуваат челични мрежести коцки со камења. Но, деновиве  се активираше и ново свлечиште, што дополнително ја усложнува работата 

Неколку недели се работи на санација на свлечиштето на обиколницата над Битола и во зависност од временските услови таа треба да биде отворена за сообраќај до крајот на месецот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани