2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обиколницата останува затворена, се работи проект за санација на новото свлечиште

Февруари 07, 2018

Обиколницата над  Битола, која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и натаму не е во функција поради  ново свлечиште, кое се појави, додека се санираше стариот одрон од ридот. Иако беше најавено дека привремено решение ќе биде поставување на семафори, со кои сообраќајот би се одвивал  наизменично, по една коловозна лента, со цел тешките товарни возила да не транзитираат низ градот и доплнително да го загадуваат воздухот, сепак, ваквото решение со појавата на новото свлечиште не можеше да се реализра. Од   јавното претпријатие за државни патишта, велат  дека заради безбедност на возачите и минувачите, полицијата и изведувачот одлучиле обиколницата да не се отвора за сообраќај.

 Градоначалничката Наташа Петровска денеска  потврди дека токму  појавата на ново  свлечиште ja  наметна потреба од изработка на нова проектна документација.

-Активностите на обиколницата беа интензивирани, но при работата на терен се појави проблем, односно беше согледано дека проектната документација што беше изготвена,  се однесуваше на подолниот  дел од патот, а на погорниот дел се појави опасност од ново свлечиште. Тоа наложи  прокетната документација да претрпи измени, затоа што беше нелогично да се сработи нешто каде има потенцијална опасност да се повтори истиот проблем, кој ќе остане нерешен, а ќе се потрошат средства без ефект. Значи во моментот има застој поради воочени проблеми кои што се санираат,  а проектната документација е изменета, тоа е единствената причина за застојот. Тоа значи дека работите на обиколницата се во тек затоа што таа е од исклучително значење за градот, рече Петровска.

obikolnica

Возачите често не ја почитуваат забраната и возат по ризичната  делница, додека жителите од дивата ромска населба честопати на среде пат палат ѓубре, а околината повторно  е претворена во депонија. 

Свлечиштето на обиколницата се појави за време на големите поплави во Пелагонискиот Регион пред   три години. Поради одрони, патот често беше затворан за сообраќај, а по расчистувањето повторно се пушташе во употреба. Во 2017 година беше поставена целосна забрана. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани